Е-продавница во Македонија: закони, фискализација и ДДВ (водич 2026)

Сакаш е-продавница што не ризикува казни? Овој водич ги покрива клучните правила во Македонија: што мора да стои на сајтот, фискална сметка (и за плаќање со картичка/достава), ДДВ и рокови за повлекување и рекламации. Вклучува чек-листа и линкови до официјални прописи. Ажурирано 17.02.2026.

Овој водич е направен за сопственици што сакаат е-продавница без ризик: јасни услови за купување, правилно прикажани цени, фискализација, ДДВ, права на потрошувачи и усогласеност со лични податоци/колачиња. Вклучува интерни линкови до релевантни страници на SajtKreator и надворешни извори.

Брза напомена

Содржина

  1. Правна рамка што најчесто те „фаќа“
  2. Регистрација на бизнис и што мора да пишува на сајт
  3. Фискализација: кога мора фискална сметка (и за картичка)
  4. ДДВ и цени: праг, фактури и што да покажеш на купувачот
  5. Права на потрошувачи: договор на далечина, рекламации, повлекување
  6. Политика на приватност + лични податоци
  7. Колачиња и consent: што е минимумот
  8. Плаќања, PSP, безбедност (картички, 3DS)
  9. Што обично проверуваат инспекции
  10. Чекори за лансирање без главоболки
  11. Како SajtKreator помага (и кои страници да ги видиш)

1. Правна рамка што најчесто те „фаќа“

Кај е-продавниците, инспекциите и приговорите најчесто се вртија околу три работи: информирање на купувачот, фискализација/даноци и лични податоци. Ако ова го средиш однапред, ризикот паѓа драстично.

  • Е-трговија: правила за електронско склучување договори, информации пред купување и потврда на нарачка (Закон за електронска трговија).
  • Потрошувачи: услови, рекламирање, рекламации, договори на далечина и права на потрошувачи (ЗЗП – Службен весник бр. 236/2022; корисни материјали и од Министерство за економија).
  • Лични податоци: обврски за приватност, права на корисници, обработка/чување, договори со обработувачи (АЗЛП – прописи).
  • Фискализација и готовински плаќања: правила за издавање фискална сметка и евиденција (УЈП – регулатива).
  • ДДВ: кога се регистрираш, како ги покажуваш цените, фактурирање (практични инфо од УЈП).

2. Регистрација на бизнис и што мора да пишува на сајт

Е-продавница не е само „каталог + кошничка“. На сајтот мора јасно да стои кој продава, како се стапува во контакт и под кои услови се купува. Ова е и правно и конверзиски критично.

Минимум што треба да е видливо (footer/страница „Контакт“ и во услови)

  • Име на правното лице/ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, седиште и адреса, ЕМБС, ЕДБ/даночен број.
  • Е-пошта и телефон за поддршка (и препорачливо работно време).
  • Јасно дефинирани: испорака, трошоци, рокови, враќање/замена, рекламации.
  • Линкови до Услови за користење и Политика за приватност.

Ако немаш добро напишани услови и приватност, не импровизирај. Повеќето проблеми со приговори се поради „непишано правило“ што купувачот не го видел. Ако сакаш да ти ги напишеме и вградиме како треба во UX, види ја услугата изработка на е-продавница или прати барање преку контакт.

3. Фискализација: кога мора фискална сметка (и за картичка)

Ова е точката каде што најчесто се греши. Практично правило: ако примаш „готовински“ плаќања, мораш да имаш процес за фискална сметка.

Кои плаќања најчесто се третираат како „готовински“

  • Готовина (во простории или при достава).
  • Наплата при достава (COD).
  • Плаќање со платежна картичка – УЈП има јавно објаснување дека се смета за готовинско плаќање и се издава фискална сметка (УЈП прашања/одговори).

Што да направиш практично:

  • Дефинирај процес „кога се печати/издава фискална сметка“ (при успешна наплата или при испорака).
  • Ако работиш со курир за плаќање при достава, усогласи процедура: издавање сметка, предавање на сметка со пратката, дневни извештаи.
  • Ако имаш онлајн картични плаќања, усогласи го моментот на издавање (по авторизација/наплата) и архивирање.
  • Чувај документација и договори со платежни процесори/курири – ќе ти требаат при контрола.

Ако сакаш да го имаш ова „на автопилот“ (правилно поставено, без да мислиш секој ден), разгледај ги пакетите или директно побарај понуда на контакт.

4. ДДВ и цени: праг, фактури и што да покажеш на купувачот

Два ризика тука: (1) да го надминеш прагот за ДДВ и да касниш со регистрација; (2) да покажуваш „цена“ што не е вкупната цена што купувачот реално ќе ја плати.

ДДВ праг (пракса)

УЈП објавува дека задолжителна регистрација се врзува со законски праг на промет во последните 12 месеци (во пракса често се користи праг од 2.000.000 денари). Провери ја актуелната инфо на УЈП и со сметководител, особено ако растеш брзо.

Ако ти треба опција за доброволна регистрација/инфо, УЈП има и посебни материјали (пример).

Прикажување цени: кај е-продавница, купувачот треба да ја види вкупната цена (со даноци) и трошоци за достава пред да потврди нарачка. Не го криеш шипингот „во последен чекор“ – тоа е рецепт за приговори и напуштање кошничка.

  • Цените прикажи ги јасно: „со ДДВ“ или „без ДДВ“ (зависно од статусот).
  • Секогаш прикажи трошок/опсег за достава и рок.
  • Обезбеди фактура/сметка и архивирање според сметководствена пракса.

5. Права на потрошувачи: договор на далечина, рекламации, повлекување

Ова е делот што најчесто „експлодира“ со негативни коментари ако не е јасно поставен. За договори склучени онлајн (договор на далечина) има засилени обврски за информирање и постапување по приговор.

Што мора да е напишано пред купувањето

  • Карактеристики на производот/услугата.
  • Вкупна цена (даноци + достава) и начин на плаќање.
  • Испорака (рок, начин, ограничувања), политика за враќање/замена.
  • Процедура за рекламации/приговори и рокови за одговор.

Референца: ЗЗП – Службен весник бр. 236/2022 и материјали од Министерство за економија.

Право на повлекување: кај договори на далечина, вообичаено постои право на повлекување во законски рок (најчесто 14 дена), со исклучоци (на пр. персонализирани/отворени хигиенски производи, дигитална содржина по започнато извршување итн.). Не пишувај „нема враќање“ како општо правило – тоа е ризично и најчесто неточно.

6. Политика на приватност + лични податоци

Ако собираш име, адреса, телефон, e-mail, или праќаш newsletter – ти обработуваш лични податоци. Треба политика на приватност што објаснува: кои податоци, за што, на која основа, колку ги чуваш, кому ги пренесуваш (курир, платежен процесор, аналитика) и како корисникот ги остварува своите права.

  • Референца: АЗЛП – Закон и измени.
  • Практично: користи DPA/договори со обработувачи (курири, PSP, hosting, email провајдери) и чувај ги како документација.
  • Минимум на сајт: линк до Политика на приватност во footer и во checkout.

7. Колачиња и согласност: што е минимумот

Ако користиш Google Analytics/Meta Pixel/remarketing или било што што следи корисници надвор од „неопходните“ колачиња, ти треба механизам за информирање и согласност. АЗЛП има конкретен водич за колачиња.

Минимум за колачиња

  • Банер што разликува „неопходни“ од „аналитика/маркетинг“ и дозволува избор (не само „OK“).
  • Политика за колачиња/дел во приватност со список на колачиња, рокови и цели.
  • Документирање на дадени согласности (особено за маркетинг).

Референци: Водич за користење на колачиња (PDF) и АЗЛП страница за cookies.

8. Плаќања, PSP и безбедност (картички, 3DS)

За картични плаќања во пракса ќе работиш со банка или платежен провајдер (PSP). Минимум што мора да го имаш: HTTPS, безбедна checkout страница, јасни услови и политика за рефундации. Ако продаваш дигитални производи/услуги, уште повеќе внимавај на доказ за испорака.

  • Не чувај податоци за картички на твој сервер. Користи хостирана/токенизирана обработка од PSP.
  • Постави јасни правила за рефундации (кога, во кој рок, на кој начин).
  • За е-commerce конверзија: оптимизирај checkout и доверба (security badges, јасни контакт информации, политика за приватност/услови).

9. Што обично проверуваат инспекции

  • Дали имаш јасни податоци за трговецот и контакт.
  • Дали цените се јасни и вкупни (даноци + достава).
  • Дали имаш услови за купување, рекламации, враќање и дали ги почитуваш.
  • Фискализација: документација, извештаи, процедура за издавање фискална сметка.
  • Приватност/колачиња: политика, согласности, договори со обработувачи.

10. Чекори за лансирање без главоболки

Чекор 1 — Правни страници + checkout текстови

Подготви услови, приватност, политика за враќање/рекламации и вгради ги на места што корисникот реално ги гледа (footer, checkout, потврда на нарачка).

Чекор 2 — Фискализација и процес на испорака

Одлучи плаќања (картичка, плаќање при достава, трансфер) и усогласи го издавањето фискална сметка и документацијата со курир/PSP.

Чекор 3 — ДДВ, цени и фактурирање

Следи промет и праг за ДДВ, постави правилно прикажување цени и подготви процес за фактура/сметка.

Чекор 4 — Приватност, колачиња и аналитика

Постави банер за согласност, конфигурирај аналитика да почитува избор, и чувај записи за согласност.

Чекор 5 — SEO и доверба

Изгради јасна структура, брзина и доверба. Ако планираш да ја промовираш е-продавницата преку SEO, погледни го нашиот блог и примерите од портфолио.

11. Како SajtKreator може да помогне

Ние не правиме само „дизајн“. Го поставуваме целиот систем да работи: структура, checkout, доверба, правни страници, SEO основа и техничка стабилност.

Потребен ви е прилагоден план?

Испрати ни на кратко што продаваш, како ќе наплатуваш (картичка/плаќање при достава/банкарски трансфер) и дали си во ДДВ. Ќе ти кажеме што точно ти треба за законски и конверзиски чисо лансирање.Побарај понуда.

SajtKreator.

Нашата цел како агенција е да креираме иновативни веб решенија што носат реални резултати за вашиот бизнис. Целиме секој локален бренд да има професионална веб страна со јасна стратегија и пристапна цена.