
Растот на вашиот бизнис немора да го испразни новчаникот. Тука ќе ви кажеме како тоа да го направите.
Економските падежи носат очигледни предизвици за малите бизниси. Она што не е секогаш толку очигледно е како всушност да се заштеди пари, особено преку вашето онлајн присуство и дигитални производи.
Лесно е малите бизниси да паднат во замката на мислата дека „тоа чини колку што чини“ или „не можам да си го дозволам тоа“, или да мислат дека каква било значајна заштеда е применлива само за поголемите компании (кои купуваат во големи количини или инвестираат во скапи услуги).
Но, клучни заштеди можат да се најдат и за малите бизниси — ито како и за занаечиските бизниси. Тие можат да ви дадат витална предност кога се соочувате со тешки времиња — „скапо“ е релативно, на крајот на краиштата.
Одржувањето на бизнис диверзитет е исто така витално за здрав онлајн пазар. Секој, без оглед на големината на бизнисот или нивото на вештини, треба да ги има алатките и советите потребни за да успее. А има и провајдери кои нудат вакви алатки како домени, веб хостинг, изработка на веб-страна, и други веб услуги. Тие можат да бидат начини да го поставите вашиот бренд, да управувате со социјалните мрежи, или бројни други корисни алатки кои им се потребни на малите бизниси за да растат без да го нарушат буџетот.
Затоа, без разлика дали само што започнувате, или само барате начини да се справите со предизвиците што претстојат, овој водич е тука да ви даде практични совети за тоа како да заштедите и да го зајакнете вашиот бизнис. Сето тоа е дел од обезбедувањето дека можете да заработувате повеќе онлајн, за помалку.

Пронаоѓањето вредност од самиот почеток е очигледно важно – барањето на најдобрите цени е паметен потег. Но, има и други важни фактори кои треба да се земат предвид кога се обидувате да го извлечете секој последен капка вредност. Исто така, вреди да се запамети дека пронаоѓањето вредност може да биде и подолгорочна игра.
Една работа што ќе ја забележите веднаш е дека повеќето дигитални производи се обновуваат на годишна или месечна основа. Поради ова, вреди да размислите за долговечноста на цените, а не само за тоа колку ќе ве чини денес.
Исто така, добра идеја е да внимавате на индикаторите за годишно и месечно за да бидете сигурни дека не се збунувате помеѓу двете. Некои производи можеби ќе се наплатуваат квартално или полугодишно. Овие разлики никогаш не се скриени, но лесно може да се заборават кога правите споредба.
Често е точно дека подолгите циклуси на наплата носат поголеми заштеди. На пример, избирањето годишна претплата наместо месечна често ќе ви даде поголем попуст. Причината за ова е доста едноставна — со тоа што се обврзувате за една година, и гарантирате на компанијата повеќе пари, и тие имаат тенденција да го наградуваат тоа. На крајот на краиштата, месечните претплати можат да се откажат со околу 30-дневно известување, но и годишните претплати често имаат 30-дневен период на рефудација од денот на плаќање.
Размислете за цената на која вашите производи ќе се обноват следната година, за да откриете што е најдобро финансиски долгорочно. Некои сервиси имаат голема разлка во цената на обнова што би ви ги поништило сите заштеди. На SajtKreator, секогаш ќе добиете транспарентен преглед на цената за обновување кога купувате од нас, за време на наплата имате целосен преглед на цените во вашата кошничка.
Исто така е корисно да проверите дали компаниите кои ги разгледувате имаат тековни промоции кои исто така можат да ви додадат на заштедите. Иако никогаш нема гаранција дека одреден производ ќе биде на попуст во времето кога го сакате, компаниите кои имаат тенденција да нудат попусти веројатно имаат добра постојана вредност како една од нивните основни принципи.

Дигитализацијата на вашиот бизнис не мора да биде скапа. Со правилните алатки и стратегии, можете да го направите вашиот бизнис присутен онлајн и да постигнете успех без да го нарушите буџетот. Еве неколку начини како да го направите тоа на ефтин начин:
Веб страницата на вашиот бизнис е основа за дигиталното присуство, таа помага да креирате репуатблиен бренд, да имате 24/7 достапни информации за вашиот бизнис, да достигнете до илјадници клиенти, или да продавате 24/7. Веб страницата работи и кога вие спиете.
И немора да биде скапо, SajtKreator има понуда која чини само 990 денари месечно.
Најчесто објавите на бизнис директориумите се ефтини, а можат да ви донесат нови клиенти преку самиот сервис, или преку пребарувачите. Вашиот бизнис ќе биде на повеќе страници, такашто ќе имате поголема шанса да се рангирате високо на Google. Препорачливо е да го објавите вашиот бизнис на колку можете повеќе места.
Во момент на пишување има промоција на Bid.mk за 99 денари за првата година.
Во денешницата, луѓето поминуваат голем дел од денот на социјалните мрежи. Затоа имање профил и чести новости на социјалните мрежи е шанса за раст која не смее да се пропушти. Од социјалните мрежи можете да носите посетители на вашиот вебсајт, па да собирате податоци за вашите клиенти, да примате повици / пораки, или да продавате директно.
Со овие стратегии, можете да го дигитализирате вашиот бизнис на ефтин начин и да го максимизирате вашето онлајн присуство и потенцијал за раст.