Центар за знаење

Сите одговори на едно место. Транспарентност пред сè.

Стратегија и Процес

SajtKreator не е само сервис за хостинг, туку ваш технички партнер. Ние нудиме целосна изработка на веб страна со вклучена поддршка, безбедност и инфраструктура. Вие се фокусирате на бизнисот, а ние на технологијата што го движи.

За стандардна професионална веб страна, процесот трае од 5 до 10 дена. За посложена онлајн продавница или извозни решенија, рокот е обично помеѓу 2 и 4 недели.

Потребно е да имате јасна идеја за вашата цел и лого (ако немате, ние ќе дизајнираме). За текстовите не се грижете – нашиот процес вклучува помош со креирање и структурирање на содржината за вашиот бизнис.

Вие. Сите права, доменот, кодот и базата на податоци се во ваша 100% сопственост. Ние сме тука како ваш партнер за одржување, но вие не сте „заклучени“ кај нас. Исклучок за ова се пакетите со месечна претплата каде што веб страната станува ваша сопственост после плаќање на вредност од 12 месечни рати.

Да, ние сме дигитална агенција и работиме со клиенти од цела Македонија и Европа. Целата комуникација, презентација на дизајн и обука се одвиваат онлајн, што ви штеди време и патни трошоци.

Технички карактеристики и SEO

Никој не може да гарантира 1-во место веднаш, но секоја наша изработка на веб сајт вклучува напредни „Technical SEO“ стандарди. Google ги фаворизира нашите сајтови поради брзината, мобилната оптимизација и правилната структура.

Тоа се официјалните метрики на Google за брзина. Нашите сајтови се оптимизирани да имаат 90+ поени, што значи дека вашите клиенти нема да чекаат ни секунда за вчитување, а Google ќе ве награди со подобар ранг.

Да. Секој наш пакет вклучува бесплатен SSL сертификат (зелениот катанец) и активна заштита од хакерски напади преку напредни „firewall“ системи вклучени во цената за одржување.

Апсолутно. Добивате минимум 5 (во зависност од пакетот) професионални е-маил адреси (на пр. info@vashiotbrend.mk) со вклучен простор, кои ќе го подобрат вашиот професионален имиџ пред клиентите.

Е-трговија и Наплата

Нашата онлајн продавница поддржува директна интеграција со сите македонски банки (Halkbank, NLB, Komercijalna) преку Casys или нивни сопствени портали, како и Stripe/PayPal за меѓународен пазар.

Го поедноставуваме процесот на достава. Можеме да го поврземе вашиот сајт со карго служби за автоматско генерирање на испратници директно од нарачката. 

CAPI е напреден систем за следење на Facebook реклами кој ги заобиколува „Ad-blockers“. Со ова, вашите реклами добиваат точни податоци за продажбата, што резултира со поевтин маркетинг и поголем профит.

Автоматизација и Раст

Наместо рачно да препишувате нарачки или контакти, ние градиме системи каде веб страната сама ги врши тие задачи 24/7. Помалку администрација, повеќе време за продажба.

Да. Секој нов контакт или нарачка може автоматски да се запишува во вашата Google Sheets табела во реално време, овозможувајќи ви совршена евиденција без никаков напор.

Да, ова е наша специјалност. Поставуваме систем кој ви праќа инстант порака во секундата кога некој ќе направи нарачка, за да можете веднаш да реагирате.

Да. Можеме да поставиме автоматизација која 7 дена по купувањето, автоматски ќе му испрати љубезна порака на клиентот со линк да остави позитивна рецензија.

Плаќање и Поддршка

Да. По лансирањето добивате видео упатство и пристап до едноставен визуелен едитор каде за 2 минути можете да смените текст, слики или цени без да не контактирате нас.

Наместо да платите голема сума одеднаш, нашиот WaaS модел ви овозможува премиум сајт со низок почетен трошок, каде хостингот, доменот и техничкото одржување се веќе вклучени во месечната рата.

Тоа не е само „чување“ на сајтот. Вклучува ултра-брз Cloud хостинг, секојдневно бекапирање, лиценци за премиум плагини, безбедносни ажурирања и приоритетна техничка поддршка.

Бидејќи ние го следиме вашиот сајт 24/7, честопати знаеме за проблемот пред вас и го решаваме веднаш. Вашата сигурност е наш приоритет.

SajtKreator.

Нашата цел како агенција е да креираме иновативни веб решенија што носат реални резултати за вашиот бизнис. Целиме секој локален бренд да има професионална веб страна со јасна стратегија и пристапна цена.