fbpx

Политика за приватност

SajtKreator нема да ги продава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна. SajtKreator не ги продава, ниту ги изнајмува своите листи на клиенти на трети лица. SajtKreator може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од ваш интерес. Во овие случаи, вашите лични информации (е-пошта, име, адреса, телефонски број) не е, и нема да биде доверена на трети лица. Формуларот за праќање пораки на нашиот сајт при контактирање бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име, презиме, телефон за контакт, емаил).

Овие информации SajtKreator ги користи при контакт преку пошта (праќање на фактури и други документи, верификација на корисник). Oвој сајт содржи линкови до други сајтови. SajtKreator не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови. Податоците кои се прибираат преку SajtKreator се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници. Во случај на криминална истрага, SajtKreator ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење на колачиња (Cookies)

SajtKreator користи “колачиња” заради персонализирање на Вашето пребарување по интернетот. Колаче е текстуален фајл кој преку сервер се пренесува на Вашиот хард диск и е складиран во Вашиот веб прелистувач. Колачињата не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Колачињата се уникатно доделени и може да се читаат само од доменот на веб серверот што претходно Ви ги има издадено. Една од основните цели на колачињата е да го направи вашето интернет пребарување полесно и поефикасно. Колачето му укажува на веб серверот дека сте се вратиле на одредена страница и ги чува вашите лични информации, така да не мора да ги внесувате податоците секој пат кога ќе посетите нова веб страна на SajtKreator. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но постои можност со промена на подесувањата во вашиот прелистувач да отфрлите некое или сите колачиња.

Промена на политики

SajtKreator го задржува правото без најава да ги врши промена на политиките во било кое време без претходно известување и за истото се обврзува да биде објавен на веб сајт во делот со Политика за приваност со наведена дата.

Други податоци

Заради споредбени анализи, SajtKreator го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics. Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Доколку имате било какво прашање околу политиката на приватност, начинот на работа на веб сајтот или искуство со истиот, контактирајте не на info@sajtkreator.com.

Последна промена 07.10.2023

Нашата цел како агенција е да креираме инвоативни решенија за вашиот бизнис.

Целиме кон тоа да можеме на секој бизнис да му овозможиме да има свој веб сајт, притоа без тоа да биде платено по висока цена.
Навигација
Социјални мрежи
© 2024 Sajtkreator.com. Сите права се задржани.
Hi Reddit 👋
We have a special discount just for you. At checkout, enter this special code to get a 15% recurring discount on any subscription you choose.
REDDIT15
Don't worry though, this coupon will not expire. If you prefer to schedule a meet first, this coupon will still be valid after our meet.

This page is for customers from Macedonia.